Шест европски автори, добитници на Европската награда за книжевност
Бјорн Расмусен е роден во 1983 година и дипломира на Данската школа за драматургија во 2007 година и на Данската школа за писатели во 2011 година. Истата година ја добива книжевната награда „Монтана" за романот „Кожата е еластична обвивка што го обвива целото тело", се здобива со тригодишен грант за работа од данската влада во 2013 година, а следната година ја добива и наградата „Култур Борнхолмс". Во 2016 година е награден со книжевната награда на Европската унија.
EU Prize for Literature
Татјана Цибуљак е родена во 1978 година во Кишинев, Република Молдавија, и по националност е Молдавка и Романка. Студира на Факултетот за новинарство и комуникации при Државниот молдавски универзитет. Првпат го привлекува вниманието на јавноста во 1995 година, како авторка на колумната „Вистински приказни" во дневниот весник „Флукс". Од 2008 година живее во Париз. Како писателка дебитира во 2014 година со збирката раскази „Модерни бајки". „Градината од стакло" е нејзин втор роман, за кој ја добива наградата на Европската унија во 2019 година.
EU Prize for Literature
Лаура Фројденталер е родена во 1984 година во Салцбург. Студира германски јазик и литература, филозофија и родови студии. Живее во Виена. За романот „Кралицата молчи" ја добива книжевната награда на градот Бремен во 2018 година. Следната година го објавува својот втор роман, „Приказна за духовите", за кој ја добива Европската награда за литература истата година.
EU Prize for Literature
Маша Колановиќ е родена во 1979 година во Загреб. Работи како вонреден професор на катедрата за кроатистика на Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот во Загреб. Авторка е на романот „Барби од подрумот" (2008) и на збирката раскази „Почитувани бубачки и други морничави приказни" (2019), за која ја добива наградата на Европската унија.
EU Prize for Literature
Фредерико Педреира е португалски писател, роден во 1983 година. Студира во Португалија и во Велика Британија, каде што се здобива со магистерска диплома на универзитетот „Ројал Холовеј" во Лондон. Има објавено десетина книги, вклучително шест поетски збирки, два романа, книга со кратки раскази и збирка есеи. Во 2021 година ја добива Европската награда за литература за книгата „Лекција за месечарот".
EU Prize for Literature
Марија Наваро Скарангер е родена во 1994 година во Осло, каде што и живее. Студира на Академијата за креативно пишување во Хордалан и компаративна книжевност на Универзитетот во Осло. Нејзиниот дебитантски роман „Сите странци имаат затворени завеси" (2015) е првата норвешка книга напишана во конзистентен мултиетнолект. Нејзиниот втор роман „Книга на жалоста" се објавува во 2018 година и ја добива Европската награда за литература во 2020 година.
EU Prize for Literature